logo
logo
logo

„Новиот“ Нурмагомедов дебитира на светската сцена

Vecer | 27.02.2021

„Новиот“ Нурмагомедов дебитира на светската сцена

Сите добро знаеме што можеше во ММА светот Кабиб Нурмагомедов. Светскиот шампион со години доминираше, заработи стотици милиони долари и реши да се пензионира.
Сега на негово место доаѓа неговиот близок роднина Усман Нурмагомедов кој официјално ќе дебитира во верзијата Белатор на 2 април против Мајк Хамел.

Директорот на Белатор Скот Кокер ја објави оваа вест додавајќи дека едвај чека да ја види новата верзија на Нурмагомедов како што го нарекуваат Усман.

Тој пак засега е непоразен во 11 борби од кои грото се со нокаут. Покрај стилот на Кабиб, тој е и сериозен „нокаут“ мајстор и му се предвидува светла иднина во ММА светот.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk