Марсел Ламонт Џејкобс е новиот херој на Италија. Тој пред неколку часа на ОИ во Токио го освои златниот медал на „стотка“, на најважната трка во атлетскиот спорт на една Oлимпијада.

Тој ја “почисти“ конкуренцијата и со 9.80 секунди успеа да стигне прв на целта.

Секако дека радоста беше преголема…

Не знам, не можам да поверувам дека освоив злато. Сонувам. Мислам дека дури утре ќе сфатам што се случи и каков е овој успех. Се ова ми делува неверојатно“ изјави Џејкобс.

ФОТО: tokyo2020tvitter

sportmedia.mk