logo
logo
logo

Нови пресметки: Франција прв фаворит на Еуро 2020, Хрватите отпишани! (ФОТО)

Vecer | 24.06.2021

Нови пресметки: Франција прв фаворит на Еуро 2020, Хрватите отпишани! (ФОТО)

Откако синоќа се комплетираа двојките и патниците во нокаут-фазата на Еуро 2020, стигнаа и најновите статистички проценки за најголемите фаворити за освојување на првенството на Стариот континент.

Компанијата „TheAnalist“ во своите последни пресметки, на врвот на листата на фаворити за златото на Еуро 2020 ја стави Франција. Проценетите шанси на „триколорите “ се 19,6%, а втор фаворит на листата, сега е Белгија, која според анализите има 17.9% шанси да ја освои европската фудбалска титула.

Бранителот на трофејот од 2016-тата, Португалија, кој на почетокот на ова првенство беше трет фаворит, сега падна на дури 8. место на листата со само 5,8% шанси за освојување на титулата. Интересно, на дното на листата се Хрватска и Австрија. На еден од нашите ривали во групата им се даваат само 0,1% шанси да бидат европски шампиони, а ништо подобри не се ни Хрватите кои имаат проценети шанси од 0,5% да бидат на врвот на Стариот континент.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk