Изгледа дека тенисерите не се доволно добро претставени во АТП, бар како што и Ѓоковиќ истакнувал...
Кога Новак Ѓоковиќ зборувал дека системот по кој АТП функционира не бил доволно добар – не го слушале.
Најдобриот тенисер во свет бил оставен на ветрометина бидејќи со својата организација ПТПА сакал да се бори за правата на тенисерите и тенисерките, а сега се повеќе проблеми за кој зборувал, излегуваат на површина.
Поради тоа се побунил и Џон Изнер, бидејќи американскиот тенисер решил да удри на АТП и јавно им посочил дека тоа е срушен систем.
Тенискиот свет го потресе веста дека за турнирот од серијата Мастерс 1000 во Мајами буџетот толку е скастрен каде што шампионите наместо 1.350.000 долари (колку што се добивало во 2019.) сега ќе инкасираат дури 300.000 долари. А за тоа колку се намалени за оние играчи кои порано го завршуваат натпреварот нема потреба и да се зборува.
Изнер видно изнервиран имал што да каже и жестоко удрил по...
ATP is a broken system. Players and tournaments as ‘partners’ need to work together, but 60% cut and 80% champions cut in one of our biggest events that has TV, Data, sponsorship, and newly approved gambling revenue intact, isn’t a partnership at all. 1/5 https://t.co/MmrZjCtpOW
— John Isner (@JohnIsner) February 24, 2021
“АТП е срушен систем. Играчи и турнири како ‘партнери“ би требале да работат, но кастрење на буџет за 60%, дури и 80% за шампиони, сепак е премногу за најсилни настани кои ги покриваат ТВ правата, спонзорства и нов одобрен приход од кладења. Промотери поседуваат имот кој го ценат и имаат бесконечно време тоа да го монетизираат, додека играчите имаат кусо време да ги максимизираат талентите. Тоа е расипан систем. Тенисот го мачат конфликти и недостаток на транспарентоност“, ги изнел Изнер, проблемите, кои во текот на 2020 година зборувал Ѓоковиќ.
Тогаш Ѓоковиќ бил обвинет дека внесува раздор во АТП барајќи транспарентност во време кога играчите и турнирите треба да бидат “обединети“, но е очигледно дека од таа обединетост и солидарност нема ништо.
Изнер смета дека би требало да се направи поразлична распределба на парите, ударајќи при тоа на функционерите.
“Значи, на играчите треба да им се намали приходот за 60 посто, а на шампионите за 80 посто, додека раководителите на АТП задржуваат полна заработувачка, надокнада и покривање на трошоци?
Изгледа малу лицемерно, не мислете дека е така?“- прашал Изнер.