Новак Ѓоковиќ: До крај на годината очекувам да бдам најдобар тенисер во свет...

Новак Ѓоковиќ му се реванашираше на Марк Цекинату за сензационалниот пораз на Ролан Гарос, со убедлив триумф 6:4, 6:0 во осмофиналето на Мастерс во Шангај.

Тоа е негова 15 во низата на победи на АТП тура.

"Многу сум задоволен, како играв на оваа, супер-брза подлога. Вториот сет беше перфектен", рекол Ѓоковиќ.

"Не ме мотивираше поразот од него на Ролан Гарос, едноставно, сакам да победувам на секој меч. Бев малку фрусриран, после испуштената брејк топка, но подацна се беше во ред".

Тој најавил дека ќе направи се до крај на годината дојде на прво место на светската листа.

"Секако тоа е моја најголема цел", изјавил Ѓоковиќ.

Новинарите ги интересирало што мисли за новиот формат на Дејвис купот.

"Незнам дали ќе играм. Дејвис купот е лош за големите играчи. Мој приоритет е АТП Светско првенстрво, како голем поединечен турнир. Но, ќе видиме", рекол Новак.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари