Марибор и Олимпија во последните две години не се во „мода“ во Словенија, па така оваа сезона сензационален првак стана Мура од Мурска Собота.

Двата тима пред меѓусебната пресметка во Марибор, влегоа со разлика од три бода во корист на Мариборчани, но Мура победи на теренот на противникот со 1:3, и со тоа го подигна шампионскиот пехар.

Лани исто така во драматична завршница, Целје стана првак на Словенија, откако ја обезбеди титулата во последното коло од првенството откако играше нерешено со Олимпија Љубљана.

sportmedia.mk