logo
logo
logo

Нов скандал во српскиот фудбал: Меч траеше само шест минути

Vecer | 17.04.2021

Нов скандал во српскиот фудбал: Меч траеше само шест минути

Покрај скандалот кој го „тресе“ српскиот фудбал со наместени мечеви, денеска се случи нов.

Во Првата лига (по ранг втора во Србија), меч траеше само шест минути. И тоа помеѓу поранешните прволигаши Раднички Крагујевац и Борац Чачак.

Гостите од Чачак останаа без потребниот број на играчи на теренот.

Борац излегол на теренот со шест играчи плус голманот, колку што е минимумот. Меѓутоа по само шест минути еден од играчите се пожалил на повреда, морал да излезе, по што мечот е прекинат.

Овој потег на тимот доаѓа само два дена по казната од ФСС за одземање на шест бодови и глоба од 4 милиони денари поради „повреда на интегритетот на натпреварувањето“ со Железничар Панчево.

Инаку фудбалерите на Борац пред тргнувањето на пат кон Крагујевац, излегоа со маички на кои стоеше 1Х2.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk