logo
logo
logo

Нов предлог: Стадионите да се отварат за публика и за останатите мечеви

Vecer | 28.05.2021

Нов предлог: Стадионите да се отварат за публика и за останатите мечеви

Откако Владата на својата седница направи исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари без публика, и дозволи на подготвителниот натпревар против Словенија закажан за првиот ден од следниот мечец да има присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините, во најава се нови олеснувања.

Денеска министерот за здравство, Венко Филипче на својата официјална „Фејсбук“ страница ги објави новите предлози на Комисијата за заразни болести.

„Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот“. 

Дуелот меѓу Македонија и Словенија во рамките на подготовките за настапот на ЕУРО 2021 е прв кој ќе се одигра пред публика по стартот на пандемијата на коронавирус во нашата земја.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk