Нов пораз за Митревски и Порто, Пик Сегед во победнички ритам доаѓа во Скопје

Порто за кого настапува македонскиот репрезентативец, Никола Митревски запиша нов пораз во Лигата на шампионите, на гостувањето кај Пик Сегед беше поразен со .35-31
Унгарскиот тим доминираше уште во првото полувреме (18-12), не им дозволи на Португалците да помислат на победа. Митревски средбата ја заврши со седум интервенции, во играше беше во првото полувреме.
Следен противник на Пик Сегед е токму Вардар, дуелот се игра во четврток.
Во групата А, Келце токму по победата над Порто, запиша нов пораз на гости кај Мешков Брест (35-30). И покрај поразот, полскиот тим останува на врвот на табелата.
sportmedia.mk