Очајната серија на Ливерпул на домашен терен продолжува. Шестиот пораз по ред денеска го нанесе тимот на Фулам, кој со големи три бода си замина од гостувањето на „Енфилд“. Неосвоивата тврдина во минатата сезона, оваа сезона стана арена за „распродажба“ на бодови.

Стрелец на единствениот гол беше Лемина во 45. минута.

Ливерпул имаше шанси, но не успеа да дојде барем до бод, а Ливерпул е се подалеку од пласман во ЛШ идната сезона преку Премиерлигата.

 

sportmedia.mk