logo
logo
logo

Ноле со судни маки во осминафиналето на АО!

Vecer | 12.02.2021

Ноле со судни маки во осминафиналето на АО!

Сепак победи. Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата успеа сепак со 3:2 во сетови да го победи Тејлор Фриц од САД и да обезбеди пласман во следната фаза во АО.

Се беше прекрасно за Србинот на почетокот од мечот, имаше 2:0 во сетови, но потоа наидоа проблемите, имаше и двапати лекарска интервенција, тој се жалеше на болки, беше премногу нервозен, а тоа ги искористи неговиот ривал и дојде до 2:2 во сетови.

Следуваше 15-ет минутен прекин на мечот поради новите мерки на властите поради Ковид-19, гледачите мораше да ги напуштат трибините.

Во петиот и решавачки сет, Ноле собра сила, успеа да се прибере, одигра квалитетно и на крајот го доби сетот со убедливи 6:2, па така на крајот со 3:2 успеа да оди натаму.

Ѓоковиќ – Фриц 3:2 (7:6, 6:4, 3:6, 4:6, 6:2).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk