logo
logo
logo

НОЛЕ ШАМПИОН, ја освои Австралија, а од 8 март е НАЈДОБАР НА СИТЕ ВРЕМИЊА!

Vecer | 21.02.2021

НОЛЕ ШАМПИОН, ја освои Австралија, а од 8 март е НАЈДОБАР НА СИТЕ ВРЕМИЊА!

По деветти пат во кариерата и трет пат по ред, во големото финале на Автсралија Опен, Србинот го победи четвртиот носител, Русинот Данел Медведев, со 7: 5, 6: 2, 6: 2, по 114 минути игра.

Тоа беше 18-ти грен слем трофеј за првиот играч во светот кој се очекува да го сруши рекордот на Роџер Федерер по бројот на недели на првото место на АТП-листата на 8 март.

Се очекуваше да биде тешко, и се покажа дека ова е сепак рутинска победа на неверојатниот Новак на терените во паркот Мелбурн.

Голема лекција за Медведев како да се игра финале, Русинот ќе мора да го чека следното, иако ова му беше втора шанса да стигне до пехар од најголемите Гренд слем турнири.

Од 8 март Новак Ѓоковиќ, и официјално, станува најдобар тенисер на светот на сите времиња бидејќи ќе го надмине Роџер Федерер според бројот на недели поминати на прво место на вечната АТП листа кое, засега до 8 март, Федерер го држи со 310 недели поминати на тронот.

Со освојувањето на титулата во Австралија Ѓоковиќ има 18 Грен слем титули, а две повеќе имаат Федерер и Надал но, со оглед на формата и годините, се очекува Новак Ѓоковиќ и во оваа категорија да го надмине Роџер Федерер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk