logo
logo
logo

Ноле лесно до 2.коло, Надал до 101. победа на Ролан Гарос

Vecer | 01.06.2021

Ноле лесно до 2.коло, Надал до 101. победа на Ролан Гарос

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ лесно помина во 1. коло на Ролан Гарос. Тој вечерва со убедливи 3:0 (по сетови 6:2, 6:4 и 6:2) го совлада американскиот тенисер Томи Сандгрен. Во следното коло Ноле ќе се соочи со Уругваецот Пабло Куевас кој денеска беше подобар од Лукас Пуј со 6:3, 6:1 и 6:3.

Шпанецот Рафаел Надал лесно и убедливо го победи 21-годишниот австралиски тенисер Алексеј Попирин во 1.коло од Ролан Гарос. „Кралот на земјените терени“ немаше никакви проблеми во првите два сета 6:3 и 6:2, во третиот противникот покажа малку заби меѓутоа искусниот Шпанец не дозволи изненадување 7:6(5).

Во второто коло тој ќе се сретне со Ришар Гаске кој денеска го помина Јого Гастон со 6:1, 6:4, 6:2. Инаку во меѓусебните дуели Надал има 16 од 16 против Гаске и се очекува нова победа на Шпанецот.

Надал стигна и до 101. победа на Ролан Гарос oд 103 меча. ИМПРЕСИВНО!


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk