logo
logo
logo

Ноле го посети Острог! Најдобриот тенисер во светот снимен на свето место (Видео)

Vecer | 21.01.2022

Ноле го посети Острог! Најдобриот тенисер во светот снимен на свето место (Видео)

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ го посети манастирот Острог. Како што објавила една корисничка на социјалните мрежи, тенискиот ас го посетил ова свето место во Црна Гора, а фотографијата ја објави и порталот in4s.net.

Тој ден претходно пристигнал во Тиват, каде не останал незабележан, а претходно беше фотографиран и во Белград во црквата Ружица на Калемегдан.

 

 

Новак пред неколку години во интервју дадено за британскиот новинар Џеј Шети изјави дека е голем почитувач на верата и црквата и дека секој ден го започнува на ист начин, со молитва.

„Се молам секое утро. Прво изразувам благодарност за здравјето, за можноста да ја продолжам мојата еволуција како повеќедимензионално суштество во овој живот. Благодарен сум на Бога за семејството, за чувствата што се будам во голем кревет да ги видам најубавите изгрејсонца Продолжувам да работам на работите за кои зборував, да работам напорно и да тренирам, на обврските што ги имам како татко и сопруг“, изјави тогаш Новак.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk