logo
logo
logo

Ноле го откри најтешкиот момент: Мислев дека се распаѓам, плачев...

Vecer | 06.03.2021

Ноле го откри најтешкиот момент: Мислев дека се распаѓам, плачев...

Новак Ѓоковиќ говореше за својата кариера, за моментите кои од денешна гледана точка сметка дека биле најтешки, иако дел од нив се случиле пред 11 години.

Спрскиот тенисер откри дека најтешко му паднал поразот од Јирген Мелцер во четвртифналето на Роланд Гарос. Ноле водеше со 2-0 во сетови, но на крајот загуби, овој момент го погоди како ниту еден друг во неговата кариера.

„Имав многу предизвици во текот на својата кариера, а еден од нив е во 2010 година кога бев поразен во четвртгиналето на еден од најголемите турнири, на Роланд Гарос. Имав чувство дека светот и сите сонови ми се распаѓаат, и дека не сум доволно добар за да го постигнам она што го сакам. Се чвуствував многу лошо во тој период, како да сум удрил во ѕид, имав чуство дека не можам понатаму.

Моите соработници ме пуштија да се исплачам, да ги извадам емоциите. Благодарен сум и затоа. Сите велат дека тренерот треба да го подигне играчот кога му е тешко, да го натера однво да биде силен, но за мене сепак најважно е тренерот да биде тука за вас како човек, пријател и како рамо за плачење, да ве поддржува и разбира како ќе сакате да се исплачете“, рече Ноле.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk