logo
logo
logo

Ниту Гасол не помогна: Барселона загуби дома од Баерн

Vecer | 09.04.2021

Ниту Гасол не помогна: Барселона загуби дома од Баерн

После две години, на паркетот се врати Пау Гасол. Тој потпиша за Барселона и заигра вечерва во Евролигата против Баерн, но не помогна неговиот тим да дојде до победа. Баерн славеше среде Шпанија и дојде до 20. триумф во Евролигата. Меѓутоа тоа не смени многу во изгледот на табелата, затоа што Барселона и натаму е првопласирана засега.

Гасол уфрли девет поени, а во Барселона најефикасни беа Болмаро и Вестерман со по 12 поени. Во баерн Рејнолдс уфли 26 за конечен триумф од 72:82. Гасол после 20 години заигра повторно во Европа.

Во другите натпревари доминираа домаќините. Зенит со 86:69 го совлада Макаби Тел Авив, Олимпијакос го победи Химки, додека Милано славеше над Анадолу Ефес.

ЕВРОЛИГА, РЕЗУЛТАТИ:

Зенит – Макаби 86:69
Олимпијакос – Химки 82:75
Милано – Анадолу Ефес 98:75
Барселона – Баерн 72:82

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk