Вардар ја продолжува “црната серија“ во Лигата на Шампионите во А групата сезонава. Вечерва во Унгарија, во осмиот меч од групата, Вардар загуби тесно од Пик Сегед со 34:33 (17:19), иако првиот дел го реши во своја корист. Ова е шестиот пораз на вардарци, и натаму немаат победа од 15 октомври кога совладан беше Фленсбург.

Вардар беше добар само во првиот дел, тој период го доби во своја корист, но затоа во вториот дел Пик Сегед го подигна нивото на својата игра и заслужено победи.

Значи ништо од сензација, ништо од одмазда по оној пораз во Скопје од истиот тим од пред неколку дена.

Сепак Пик Сегед подобро го „отвори“ овој натпревар. Унгарците имаа водство во првите десетина минути, а Вардар првпат дојде во водство со тие 6:7. Брилјантен беше Иван Чупиќ кој асистираше, стрелаше, речиси сам го носеше својот тим на паркетот во празната сала во Сегед. Тука беше Јотиќ до него, се на се добар настап во тие моменти за момците на стратегот Алушовски.

На крајот на првиот дел Вардар стигна до 19:17, резултат кој навистина беше неочекуван. Инаку Вардар на овој меч на голот го имаше Кантегрел, Ристовски е повреден и воопшто не допатува во Сегед.

Исто така и вториот дел домашните ја започнаа подобро. Направија серија од 4:0 па преминаа во водство, но со головите на Чупиќ и Калараш сепак стигнавме до резултатски егал од 21:21. На Вардар му требаа дури 6 минути да го постигне својот прв гол во второто полувреме. Во овие моменти Кантегрел на голот на Вардар докажува дека е добар голман.

Но, како што одминуваше натпреварот, Унгарците го зголеми водството, ги користеа грешките на вардарци во нападот, а тука беше и одличниот голман Миклер кој просто се “разбрани“.

Веднаш се виде составот на тренерот Пастор и тоа како ја подобри играта во одбраната, и тоа бепе доволно за резултат 25:21 во 43.минута од мечот во Сегед.

Ни трага од оној добар Вардар во првиот дел, Пик Сегед е тој кој што доминира, само поради подобрената игра во одбраната. Бадијала добрата партија и одбраните на голманот на вардарците Робин Кантегрел. Но и тој не беше доволен, Пик Сегед го полнеше неговиот гол. На 7-8 минути Вардар како да се подразбуди, дојде и до два гола минус. На четири минути до крајот дојде и на гол негатива. Во финишот драма. На 120 секунди до крајот домашните имаат само 32:31.

Сепак на крајот Пик Сегед знаеше како и победи, но доста тесно, со 34:33.

sportmedia.mk