ФОТО: БАДЕЛ 1862

Во женската кошаркарска лига почна плеј-офот. На стартот се сретнаа Вардар и Бадел 1862, ова требаше да биде дерби, но гостинските кошаркарки не го дозволија тоа, славеа со убедливи 50-95.

„Баделки“ доминираа во текот на целиот натпревар, по првата четвртина имаа предност од 17-23, додека пак на полувремето заминаа со резултат 26-38. Домашните кошаркарки немаа одговор за противникот, кој пак беше фуриозен во последните две четвртини.

Стојановска со 34 поени беше прв стрелец, Трајчевска запиша 20 поени и 17 скока, Адамовска беше стрелец на 15 поени. Кај поразената екипа Петрушевска имаше 14 поени.

Утре К.Паланка е домаќин на Работнички, додека Баскет Кам ја пречекува Струга.

sportmedia.mk