logo
logo
logo

Ништо од Алегри и Инзаги: Познат е наследникот на Конте

Vecer | 27.05.2021

Ништо од Алегри и Инзаги: Познат е наследникот на Конте

Антонио Конте и покрај тоа што ја прекина доминацијата на Јувентус во Серија А и со Интер го подигна пехарот, сепак го напушта тимот. Првите луѓе на клубот ќе му исплатат седм милиони евра за предвремената разделба, а причината за ваквиот потег се различните размислувања.

Во јавноста се пласираа две имиња како главни кандидати за тренерското место во Интер, станува збор за Инзаги и Алегри. Но, италијанските медиуми излегоа со нова информација.

Во преден план е Марсело Гаљардо. Тој прави големи работи со Ривер Плата, тим кој го превзема во 2014 година. Како играч тој остави голем белег во Европа играјќи за ПСЖ и Монако, сега ќе има шанса да се покаже како тренер на Стариот континент.

Предизвикот ќе биде голем за него, ќе застане на клупата на актуелниот освојувач на титулата во Серија А. Во следните денови се очекува да бидат и познати деталите околу соработката со Гаљардо.

ФОТО: Интер/Твитер


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk