logo
logo
logo

Николов оптимист: Имаме добар тим, верувам дека ќе успееме

Vecer | 19.02.2021

Николов оптимист: Имаме добар тим, верувам дека ќе успееме

Македонија мора да ја најде добитната формула за враќње на надежите за место на Европското првенство следната година. По поразите од Италија и Русија, нашиот национален тим има уште два меча за спас, против Италија во недела и Естонија во понеделник. Овие мечевите треба да се добијат со добра разлика за да се оствари сонот.

Кристијан Николов, кој денеска доби солидна минутажа и запиша 11 поени не ја губи вербата.

„Тежок меч, некако бевме уморни. Русите имаа многу повеќе скокови од нас, тоа беше главниот проблем. Сега имаме ден за одмор, доволно да се подготвиме против Италија. Верувам дека ќе го дадеме маскиумот. Имаме добар тим, веруваме во себе, знаеме дека ќе успееме, играме за нашата земја“, рече Николов.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk