logo
logo
logo

Николов има грип, неизвесен за мечот со Пескара

Vecer | 25.02.2021

Николов има грип, неизвесен за мечот со Пескара

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов најверојатно ќе го пропушти и саботниот меч за екипата на Лече во италијанската Серија Б. Според клупските информации, тренерот на италијанскиот второлигаш Еугенио Корини на денешниот попладневен тренинг не можел да смета на Николов кој има грип.

Тој најверојатно ќе добие одмор и утре, по што ќе се знае дали ќе може да се појави во тимот за саботниот дуел со Пескара. Николов се пресели во Лече оваа зима, а досега одигра само пет меча за тимот кој е сериозен конкурент за враќање во италијанската елита.

На последниот меч со Козенца нашиот репрезентативец остана на клупата, а претходно на три последователни меча влегуваше како резерва во последните 20-тина минути.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk