Македонската ракометна репрезентација доби ново име во стручниот штаб. Станува збор за добро познатиот Никола Митревски кој што на оваа репрезентативна акција ќе работи со голманите.

Селекторот Кире Лазаров на овој собир во стручниота штаб покрај Митревски, ќе ги има Ангеловски и Црвенкоска, додека Миркуловски и Јоновски имаат обрски со своите клубови.

Машката сениорска репрезентација го имаше првиот собир денеска, а викендов ќе одигра два контролни меча со Србија во Ниш.

Репрезентацијата со доста изменет состав ќе ги одигра овие натпревари.

 

sportmedia.mk