logo
logo
logo

Нијас Лена пред дуелот со “пандевци“: Редно е Струга ТЛ да почне да победува!

Vecer | 20.03.2021

Нијас Лена пред дуелот со “пандевци“: Редно е Струга ТЛ да почне да победува!

По три меча во серија без победа, од кои два на свој терен, Струга Трим Лум никако да го нападне тоа трето место на кое се наоѓа Македонија ЃП. Среќа за стружани што и “лавовите“ не победуваат, па така таа разлика меѓу овие два клуба од 3-4 бодови барем не се зголемува.

Денеска во Струмица, екипата на Струга Трим Лум засилена со враќањето, по суспензијата, на тренерот Срѓан Захаревски, гостува кај Академија Пандев. По квалитет една од најдобрите екипи во ПМФЛ, но екипа која се бори за опстанок.

Тешко гостување за нас. Сиот респект за нашиот денешен домаќин кој е охрабрен по онаа минатонеделна победа над Работнички. Сепак сметам дека Струга Трим Лум по оние три меча во серија редно е да почне да победува. Ние и денеска на теренот на “пандевци“ ќе играме да победиме, ќе видиме на крајот од мечот дали сме успеале во тоа“, вели капитенот на стружани Нијас Лена.

Пред неколку дена се одржа ждрепката за полуфиналето во Купот на Македонија. Стружани за ривал го добија составот на Силекс, а мечот се игра на 7 април.

Па, сметам дека имавме добра ждрепка, посебно тоа што полуфиналето го играме дома. Не е седно за финалето да се бориш во Кратово или во Струга. Според мене и ние, како и Силекс, Македонија ЃП и А. Пандев, имаме шанси да се најдеме во големото финале, но и да го освоиме. И овој пласман засега е историски за клубот, но сепак финале и освојување на трофејот ќе биде нешто фантастично за нас како клуб. Од друга страна има време до тогаш, денеска треба да го дадеме максимумот во Струмица“, заврши капитенот на Струга Трим Лум во изјава за СПОРТМЕДИА.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk