logo
logo
logo

НИ САМИОТ НОВАК НЕ ЗНАЕЛ ШТО СЕ СЛУЧИЛО: Во Токио рушил ДВА ГОЛЕМИ РЕКОРДИ! Надал и Федерер во ШОК

Vecer | 24.07.2021

НИ САМИОТ НОВАК НЕ ЗНАЕЛ ШТО СЕ СЛУЧИЛО: Во Токио рушил ДВА ГОЛЕМИ РЕКОРДИ! Надал и Федерер во ШОК

Фантастично.

Најдобриот тенисер во свет Новак Ѓоковиќ успешно го започнал походот за олиписко злато со победа против Уго Делијано, а попатно со тој триумф ја остварил бројката со која повторно ги надминал своите ривали. Вероватно тоа не го знаел и во моментите кога го завршил мечот.

Тениски аналитичари ја објавиле табелата на која статистиката јасно покажала – Новак Ѓоковиќ има најголем процент на победи во тениската историја.

Ноле во текот на кариерата достигнал процент на победа од 83,35 отсто и така го надминал Рафаел Недал кој останал со 83,15 отсто. Од 1.164 одиграни меча Новак славел на дури 969, а изгубил 195.

Вториот рекорд во истиот ден Новак го срушил и на Роџер Федерер. Не само што Ѓоковиќ има најголем процент вкупни победи туку е и најдобар играч на тврда подлога.

Светски број еден рекет после првото коло на олимпискиот тениски турнир го го надминал Федерер кој процент на победа на бетон е 83,13 отсто. Новак после мечот со Боливиецот достигнал број од 84,66 отсто со што уште една скала се искачил како прв на врв.

Навистина невероватни податоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk