Полскиот напаѓач постигна три гола и дојде до бројката од 39 погодоци оваа сезона и беше близу до да урне рекордот на Герд Милер, кој во сезоната 1971/1972 постигна 40 години. Левандовски до крајот има на сезоната има уште два меча за да го урне ова остварување.

Тој по завршување на мечот доби интересно прашање. Дали од играчите барал да му ја додадат топката за да стигне до ракордот?

„Не, не ја барав. Не правам такви работи. Кога нешто премногу сакате, на крајот тоа не го правите. Кога играш за тимот, ќе ја добиеш шансата“, изјави Левандовски и додде.

„Ќе продолжам да дадам се од себе за мојот тим. Им благодарам што четопати ми асистираат“, порача полскиот голгетер.

Левандовски за Баерн одигра 327 натпревари и постигна 292 гола.

sportmedia.mk