logo
logo
logo

Неверојатно: Струга ТЛ вчера со седум младинци во стартниот состав славеше во Велес!

Vecer | 12.04.2021

Неверојатно: Струга ТЛ вчера со седум младинци во стартниот состав славеше во Велес!

Вчера во Велес екипата на Струга Трим Лум успеа да го победи домашниот тим на Борец со 1:0. Стрелец на голот беше Јасмин Мецинови, кој беше играч на натпреварот, а се најде и во идеалниот тим на 26.коло.

Но на овој меч се случило нешто неверојатно. А тоа  е дека Струга Трим Лум и нејзиниот стратег Срѓан Захариевски, овој меч го започнаа со седум млади играчи, или играчи до 21 година. Познато е дека во ПМФЛ мора секоја екипа да започне најмалку со еден играч до 21 година, а Струга Трим Лум вчера имаше дури седумина. Изгледа дека ова е првпат во ПМФЛ некој тим својот натпревар да го започне речиси со младински состав. Да, точно е дека и Вардар игра со младинци, ама затоа што мора, затоа што тој му е играчкиот кадар.

Додека Захариевски и Струга Трим Лум ова го направија плански. Имено на клупата беа Алтипармаковски, Миленковски, Мирселовски, Таири, Босанчиќ, како и младинците Дани и Цацаноски. Значи од вкупно 18 играчи во протоколот, дури деветмина биле под 21 година.

Еве кои се младинците кои вчера беа стартери: Бесир Рамадани (20 години), Бесир Исени (20), Арлинд Шабани (19), Клисман Цаке (21), Арион Зиба (19), Блертон Шеји (20), Емир Скендери (20).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk