logo
logo
logo

Неверојатно: Сладоледот е виновен што Челзи вчера загуби од Астон Вила!

Vecer | 24.05.2021

Неверојатно: Сладоледот е виновен што Челзи вчера загуби од Астон Вила!

Без разлика што ќе направи во сабота, на финалето во ЛШ против Манчестер Сити, екипата на Челзи и дефинитивно следната сезона ќе игра во најпрестижното клупско европско натпреварување. И тоа не по своја заслуга, имено момците на тренерот Томас Тухел загубија од Астон Вила, но само благодарение на Тотенхем кој го победи Лестер на гости, Челзи а не Лестер ќе игра во ЛШ.

Томас Тухел по мечот рече дека тие како тим имале многу среќа, а притоа не го криеше гневот.

Медиумите во Англија дознаа за што всушност станува збор, зошто Германецот бил многу лут.

Звучи неверојатно, но за поразот на Челзи вчера бил виновен сладоледот.

Имено пред натпреварот на “сините“ им се случила голема непријатност на паркингот пред стадионот на Астон Вила во Бирмингем. Тие чекале 15-20 минути во автобусот додека редарите кои требало да ги спроведат од паркингот до службениот влез никаде ги немало. Решиле луѓето да си земат мала пауза токму во тоа време, си јаделе сладолед и ни на крај памет не им дошло дека треба и да сработат нешто. А играчите и тренерите на Челзи ги фатило голема нервоза и не можеле да се сконцентрираат на мечот. Ете затоа Тухел бил многу гневен.

По ова раководството на Челзи поднесе пријава до надлежните жалејќи се на односот на организаторот на овој натпревар.

Значи за малку поради сладоледот на редарите, Челзи ќе останеше без Лига Шампиони.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk