logo
logo
logo

Неверојатно: Шкендија на последните четири меча на Арената постигнала дури 16 голови!

Vecer | 29.04.2021

Неверојатно: Шкендија на последните четири меча на Арената постигнала дури 16 голови!

По мечот со Работнички, одигран вчера во рамките на 30.коло во ПМФЛ, стратегот на новиот првак рече дека е задоволен од тие 5:3 за Шкендија, дека неговиот тим покажал дека е најдобар во Македонија, но и тоа дека малку го загрижува податокот дека примиле три гола.

Инаку кога сме кај головите еве еден неверојатен податок. Имено на последните четири меча кои Шкендија ги одиграла на Арената “Тодот Проески“, новиот првак успеал дури 16 пати да ги тресе противничките мрежи. Во два наврати го поведи Вардар со по 5:1 и 6:1, вчера го победи Работнички со 5:3, а во март одигра 0:0 против “романтичарите“. Значи во просек тетовци постигнувале по четири гола на еден натпревар што е за респект. Е сега ако не се смета тој меч кој заврши 0:0, тогаш на останатите три каде што имало голови просекот е 5.33 на секој меч посебно.

Навистина на Шкендија оваа сезона и оди на Арената “Тодор Проески“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk