logo
logo
logo

Неверојатно: Пола прволигаши зимава ги сменија тренерите

Vecer | 11.02.2021

Неверојатно: Пола прволигаши зимава ги сменија тренерите

Навистина неверојатно. Познато е дека во Македонија, односно во ПМФЛ многу често и лесно се менуваат тренерите, лани имавме пример кога еден клуб смени дури четворица во една сезона, но она што се случи зимава, во овие два месеци навистина е фрапантно.

Имено од 12 прволигашки клубови, дури половината од нив оваа зима направија смена на тренерската клупа. Значи шест наши прволигашки клубови викендов кога стартува пролетниот дел, ќе почнат со нови тренери на своите екипи.

Шкупи се раздели со Турчинот Умит Каран, поточно тој си замина, а на негово место одново стратег од Турција, неговото име е Хасан Озер. По заминувањето на досегашниот спонзор, од Борец си замина и тренерот Горазд Михаилов, место него донесен е Борче Христов.

Познато е се што се случуваше и случува во Вардар. Александар Васоски најави уште во октомври дека ќе си замине и тие најави ги потврди веднаш штом заврши есенскиот дел. Вардар немаше тренер цели два месеци, но од пред неколку дена ситуацијата ќе ја спасува Никола Илиевски – Џиџи.

И Драган Поповски, првиот човек на Работнички се реши за тренерска смена. Откако Ратко Достаниќ имаше слаби резултати во есенскиот дел, тој мораше да си замине, место него Поповски го врати Александар Влахо, надевајќи се, со оглед на тоа дека има навистина добар тим, дека резултатите ќе бидат подобри.

Александар Васоски од Вардар се пресели во Академија Пандев, навистина не се одбива понудата од Горан Пандев. Популарниот тетовче дојде на местото на Југослав Тренчовски.

И во вториот струмички клуб, Беласица, промена на клупата. Донесен беше Ѓоре Јованоски место Шефки Арифовски.

Значи пролетниот дел со истите тренери ќе стартуваат Шкендија (Ернест Ѓока), Македонија ЃП (Жикица Тасевски), Струга Трим Лум (Срѓан Захариевски), Силекс (Горан Симов) и Пелистер (Димитар Капинковски).

Во продолжение можете да ја видите табелата на клубовите кои го сменија своите тренери.

ШКУПИ: Хасан Озер (Умит Каран)

БОРЕЦ: Борче Христов (Горазд Михаилов)

ВАРДАР: Никола Илиевски – Џиџи (Александар Васоски)

РАБОТНИЧКИ: Александар Влахо (Ратко Достаниќ)

А.ПАНДЕВ: Александар Васоски (Југослав Тренчовски)

БЕЛАСИЦА: Ѓоре Јовановски (Шефки Арифовски)

*Во заграда се некогашните тренери


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk