logo
logo
logo

Неверојатна вечер на Дончиќ, Бруклин го потврди плеј-офот (ВИДЕО)

Vecer | 28.04.2021

Неверојатна вечер на Дончиќ, Бруклин го потврди плеј-офот (ВИДЕО)

Само 24 часа по поразот од Сакраменто, Лука Дончиќ и Далас Маверикс извојуваа многу слатка победа на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс. Дончиќ приреди вистинско шоу и седна на клупата по три четвртини, бидејќи на тимот повеќе не му требаше на паркетот. Далас дојде до висока победа од 133:103, а неверојатниот Словенец постигна 39 поени и собра осум асистенции и шест скока. Тој блескаше особено во третата четвртина, во која постигна неверојатни 23 поени, што е негов личен рекорд.

Далас клучната работа ја заврши во првата четвртина, која ја доби со 36:12.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=HIn03v8ikGY[/embed]

Бруклин Нетс стана првиот тим во Источната конференција и втор во НБА кој успеал да го потврди влезот во плејофот. Бруклин го победи Торонто на гости со 116:103 со одлична партија на Џеф Грин, кој постигна 22 поени. Кевин Дурент оствари „дабл-дабл“ со 17 поени и 10 скока.

Поранешниот кошаркар на московска ЦСКА, Мајк Џејмс имаше 11 поени и 8 асистенции.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=RYKtxsddhr0[/embed]

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Оклахома 115-119

Шарлот – Милвоки 104-114

Индијана – Портланд 112-133

Торонто – Бруклин 103-116

Хјустон – Минесота 107-114

Голден Стејт – Далас 103-133


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk