logo
logo
logo

Неверојатен интерес: Македонците испратиле 11.700 барања да купат билет за Евро 2020!

Vecer | 27.05.2021

Неверојатен интерес: Македонците испратиле 11.700 барања да купат билет за Евро 2020!

11.700 барања биле испратени од македонски навивачи кои сакаат да купат билети за мечевите на Македонија против Австрија и Украина во првите две кола од групната фаза на Евро 2020. Според информациите на СПОРТМЕДИА, ова е огромен интерес за само 1600 билети кои се во опција за македонските фанови.

За мечот со Холандија во Амстердам стигнале околу 8600 барања. Според информациите веќе се поделени и кодови, што значи дека повеќе нема билети во оптек за натпреварите на нашата селекција.

Инаку, Романија најави дека нема да бара ниту PCR тест за македонските навивачи кои ќе решат да заминат за Букурешт за да ја бодрат македонската репрезентација на дебитантскиот настап на Евро 2020. Според последните информации, поради значителниот пад на бројот на заразени со Ковид-19 во нашава земја, Романија ја стави Македонија на „зелената листа“, што значи дека за влез во земјата нема да бидат потребни PCR тест, доказ за вакцинација или антитела.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk