logo
logo
logo

Неверојатен ефект - 31 трофеј за 12 сезони

Vecer | 12.05.2021

Неверојатен ефект - 31 трофеј за 12 сезони

Манчестер Сити ја обезбеди титулата во Премиер лигата, а нивниот менаџер Пеп Гвардиола ја продолжи жетвата на трофеи. Неверојатен податок зад името на шпанскиот тренер кој почнувајќи од 2008 година кога седна на клупата на А тимот на Барселона па до сега освои преку 30 трофеи.

Поточно за 12 сезони освои 31 трофеј со три различни екипи. Со Барселона три пати беше шампион на Шпанија, два пати го освои Купот, три пати Суперкупот на Шпанија, два пати Лигата на шампионите, два пати европскиот Суперкуп и два пати Светското клупско првенство. Потоа со Баерн Минхен три пати беше првак на Германија, два пати го освои Купот на Германија, еднаш Суперкупот на Германија и еднаш светското клупско првенство.

Потоа отиде во Манчестер Сити каде ги дополни своите витрини со уште три шампионски титули, еден ФА Куп, четири трофеи од Лига купот, два од Комјунити шилд. До крајот на сезоната колекцијата Пеп може да ја надополни со уште еден затоа што Сити игра финале во ЛШ против Челзи.

Во истиот период, oд 2008/09 па до сега ниту еден друг тренер не е ни приближно успешен како Гвардиола. Жозе Мурињо и Масимилијано Алегри освоија по 13, Зинедин Зидан 11, Луис Енрике 9…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk