logo
logo
logo

Нешто ново на АТП листата: Ова се случува првпат по речиси 16 години!

Vecer | 15.03.2021

Нешто ново на АТП листата: Ова се случува првпат по речиси 16 години!

Русинот Данил Медведев триумфираше на АТП турнирот во Марсеј што беше негов прв трофеј оваа сезона и вкупно десетти во кариерата и така успеа да го разбие монополот на првите две позиции кои повеќе од 15 години го држеа четири играчи.

Русинот од денеска е 2. играч на светот. Ова е историски момент затоа што Русинот е првиот тенисер кој не е „Големата четворка“ (Ѓоковиќ, Надал, Федерер, Мари) кој се нашол меѓу првите двајца играчи уште од 18 јули 2005 година кога Австралиецот Лејтон Хјуит стигна до позиција 2 веднаш зад Рожер Федерер.

На најновата АТП листа Ѓоковиќ остана прв со 12008 поени, втор е Медведев со 9940, а трет е Рафаел Надал со 9670 поени. Топ 5 ја формираат Доминик Тим и Стефанос Циципас. Следуваат Федерер, Зверев, Рубљов, Шварцман, Беретини…

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk