logo
logo
logo

“Неро-аѕурите“ во еуфорија: Мохамед бин Салман “влегува“ во Интер?

Vecer | 11.03.2021

“Неро-аѕурите“ во еуфорија: Мохамед бин Салман “влегува“ во Интер?

Ако не можеше да го купи Њукасл, поточно властите од В. Британија тоа не го дозволија, се чини дека пребогатиот принц од С. Арабија Мохамед бин Салман, кој е на чело на Инвестицискиот фонд вреден 350 милијарди долари, би можел да купи акции на Интер, и да биде еден од сопствениците на клубот.

Оваа вест, која беше лансирана утринава во Италија, наиде на еуфорија кај фановите на еден од најголемите клубови во светот.

Се знае што значат петро – доларите од С. Арабија, се знае дека ако Бин Салман влегува во Интер, тогаш има намера да го направи најдобриот клуб во светот.

Сепак останува да се види како ќе се развиваат настаните во Интер, секако и ставот на актуелните газд на клубот кои се од Кина.

Се разбира дека треба да се види и ставот на Владата на Италија, познато е дека Бин Салман како поединец не е многу омилен кај светските сили.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk