logo
logo
logo

Непријатна ситуација за македонскиот бисер-Барди ОСОМНИЧЕН дека возел со фалсификат возачка

Vecer | 06.04.2021

Непријатна ситуација за македонскиот бисер-Барди ОСОМНИЧЕН дека возел со фалсификат возачка

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди кој игра за Леванте, има непријатен момент во Валенсија, осомничен е дека возел со фалсификат возачка.

Локалниот весник „Лас Провинсианс“ повикувајќи се на полициски извори објави дека Барди бил сопрен при рутинска контрола на 5. април. Откако полицаецот извршил проверка на возачката со ув ламба, му рекол на Барди дека таа е фалсификат.

Возачката му е одземена, а неговото возило го одвезол пријател, а Барди соработувал со полицијата.

Барди се огласи на социјалните мрежи и напиша дека возачката дозвола која ја покажал на полицијата е валидна и е издадена во Македонија.

Тој целата документација ја проследил до локалната полиција сакајќи да ја разјасни целата ситуацја.

Случајот го презема судот во Валенсија, а истрагата треба да утврди дали возачката е фалсификувана или не.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk