logo
logo
logo

Неповторлива можност од видеолотарија: Дружба со Пандев и билети за Австрија - Македонија

Vecer | 04.06.2021

Неповторлива можност од видеолотарија: Дружба со Пандев и билети за Австрија - Македонија

Видеолотарија Касиниос Австрија ги повикува своите следбеници на социјалните мрежи, но и сите останати љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација на уникатна и ексклузивна дружба, зачинета со фантастично изненадување.

В недела, на 6 јуни, од 14.30 часот, македонскиот фудбалски херој, Горан Пандев ќе биде гостин на нашата фан-страница на Фејсбук во live chat.

Секој може да се вклучи и да му постави прашање на нашиот капитен во пресрет на историскиот настап на Европското првенство и на точно една недела до првиот натпревар на Македонија, против Австрија. Уште сега почнете да мислете прашање за Пандев и поставете го во инбокс или, пак, сочувајте го и пишете го во живо, додека тој ќе разговара со вас, фановите и ќе одговара на прашањата.

Тука не е крајот на доживувањето, бидејќи дружбата со Пандев ќе заврши и со едно, супер изненадување. На крајот од разговорот, двајца од фановите ќе добијат по две влезници за натпреварот Австрија – Македонија, кој ќе се одигра на 13 јуни во Букурешт. Сè што треба да направите е да одговорите точно на прашањето, кое Пандев ќе го постави, а потоа самиот ќе селектира кој од оние што точно одговориле е среќниот добитник.

Уживајте во друштво на Горан Пандев, слушнете ги неговите размислувања за настапот на Македонија на Еуро 2020 и не ја пропуштајте шансата и вие да можете да викнете: Одам на Европско!

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk