Рафаел Надал реши да не игра за селекцијата на Шпанија на АТП Купот, а својата долука ја донесе непосредно пред почетокот на натпреварот од првото коло од групната фаза на репрезентативното натпреварување.

Шпанија во 1. Коло ќе се сретне со Австралија, а на теренот на местото на Надал ќе се најде Роберто Баутиста-Агут.

Надал се огласи на Твитер и кратко објасни дека го откажал учеството поради повреда на грбот.

“Здраво на сите. Тимот и јас одлучивме да не играме денеска на првиот натпревар од АТП купот во Мелбурн, бидејќи имам повреда на долниот дел на грбот. Се надевам дека ќе бидам подобар во четврток. Имаме силен тим заедно со Пабло Карењо, Роберт Баутиста Агут и Марсел Грањолерс. Напред Шпанија“, напиша Надал.

sportmedia.mk