logo
logo
logo

Нено и Хувентуд завршија со Еврокупот

Vecer | 26.03.2021

Нено и Хувентуд завршија со Еврокупот

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд не успеаја ниту на втората средба да дојдат до триумф над Виртус Болоња. Шпанскиот тим на домашен терен беше совладан со 78-84 и со овој пораз го заврши настапот во Еврокупот.

Ова беше меч во кој гостите доминираа во текот на целиот меч. Одиграа одлично во првото полувреме, по кое имаа водство од 31-43. До крајот Виртус не дозволи изненадување, го заврши дуелот во своја корист и се пласираше во полуфиналето на Еврокупот. Хувентуд ја надокнади негативата од 23, но немаше сили за нешто повеќе.

Македонскиот репрезентативец средбата ја заврши со седум поени (0/1 за три, 3/5 за два, 1/2 за еден поен), за 13. минути во игра додаде три скока и една асистенција.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk