logo
logo
logo

Немања Обрадовиќ го засили Еурофарм Пелистер

Vecer | 06.05.2021

Немања Обрадовиќ го засили Еурофарм Пелистер

Српскиот интернационалец Немања Обрадовиќ е нов член на Еурофарм Пелистер. Левиот бек потпиша едногодишен договор со битолскиот клуб и ова лето ќе пристигне во нашата земја и официјално ќе биде претставен во Битола. Обрадовиќ доаѓа од ППД Загреб, клуб за кој настапуваше во сезоната 2020/21.

30-годишниот лев бек има огромно искуство од настапите во неколку национални првенства во Европа, а исто така играл со неколку клуба и во Лигата на шампионите. Обрадовиќ е роден во Крушевац, а во српската лига ги носел дресовите на Напредак, Јагодина и Металопластика.

Првото интернационално искуство беше во Франција, каде играше за Валанс, од каде во 2016 година премина во Металург. По настапите во Автокоманда, Обрадовиќ настапуваше за Висла, Мешков Брест и ППД Загреб.

За српската репрезентација настапи на 20 натпревари и постигна 26 гола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk