logo
logo
logo

Нема ваучер за Вардар 1961

Vecer | 06.02.2021

Нема ваучер за Вардар 1961

Шокантни најави во врска со добивањето на ваучери кога станува збор за Вардар 1961. Имено овој клуб според пропозициите на АМС, нема право на ваква државна помош со оглед а тоа дека станува збор за нов субјект, а познато е дека клубот и тоа како се надеваше на овие средства, барем се надеваше раководството на клубот на чело со Михајло Михајловски.

Имено пропозициите се јасни, тука нема дилеми. Секој клуб кој може да се најде на листата за добивање ваучери мора да има најмалку две години минато во системот на натпреварување, а на овој Вардар 1961 оваа година му е прва. Значи не го исполнува првиот и најглавниот услов за добивање на вава помош.

Повеќе од јасно е дека ова ќе биде голем удар за сите во Вардар 1961.

Сепак сите детали околу овој проблем со кој се соочуваат “црвено – црните“ ќе се знаат во наредните денови кога Агенцијата за млади и спорт јавно ќе ја обзнани листата на клубови кои ќе добијат ваучери.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk