logo
logo
logo

Нема шега со Работнички: Му се одмазди во Куманово и влезе во посакуван ритам (ФОТО)

Vecer | 06.04.2021

Нема шега со Работнички: Му се одмазди во Куманово и влезе во посакуван ритам (ФОТО)

Работнички и Куманово одиграа многу поразличен натпревар од оној од пред половина месец. Овој пат домаќинот се покажа во едно поинакво светло, а победникот беше решен во самиот финиш на мечот, „црвено-белите“ славеа со 79-72 и го запишаа третиот триумф во низа во Првата лига.

Кошаркарите на Работнички не само што му се реваншираа на Куманово, туку и ја прекинаа серијата од три победи во низа, која ја почнаа токму против нив.

Добрата игра во второто полувреме беше пресудна на триумфот на најтрофејниот кошаркарски колектив.

Почетокот беше катастрофален за избраниците на Димитар Мираковски, имаа негатива од 0-13, 4-17 и 6-19, но брзо се вратија, по првата четвртина Куманово водеше со 20-22. Гостите ја имаа контролата на мечот и во следниот период, на одморот заминаа со иста позитива од два коша 37-39.

Кошаркарите од „Градски парк“ тргнаа подобро во третата четвртина, најголемата предност беше изразена во седум поени (52-45), во 34. минута со серија од 8-2 имаа највисоки 66-57.

Куманово врати со серија од 5-0 за 66-62 во 36. минута и продолжување на неизвесноста на дуелот. Најдобриот стрелец на Работнички на оваа средба, Питс на неполни две минути до крајот за првпат му донесе двоцифрено водство од 74-64. Гостите намалија на 74-70, Ефремовски погоди две важни слободни фрлања и стави крај на сите надежи.

Питс со 32 поени беше прв стрелец, зад него беше Младеновски со 18 поени и 14 скока, Будновиќ запиша 10 поени. На другата страна Џекиќ имаше 25 поени и 13 скока.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk