Сите 507 тенисери, вработени и воопштено учесници на првиот Гренд Слем турнир годинава, Аустралиан опен, се негативни на КОвид 19.

Ова го потврди организаторот на турнирот, објавувајќи дека целиот екипаж кој беше дел од хотелскиот карантин почнувајќи од тенисерите, па сите останати се со негативни тестови, па можат и да станат дел од главната фаза од турнирот.

Властите во Австралија, одобрија околу 30.000 посетители дневно на мечевите, што е половина од капацитетот.

 

sportmedia.mk