logo
logo
logo

Нема новозаразени со коронавирус во англискиот фудбал

Vecer | 24.03.2021

Нема новозаразени со коронавирус во англискиот фудбал

Ниту еден нов позитивен случај на Ковид 19 не е регистриран на последните тестирања на екипите од Англиските фудбалски лиги (EFL), што е прв таков случај од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Како што е соопштено денеска, во периодот од 15 до 21 март вкупно биле тестирани 5.524 фудбалери и членови на 72 екипи од EFL и нема ниту еден заразен со коронавирус.

Од почетокот на јануари EFL започна со тестирања двапати неделно.

-Денешните резултати се одраз на напорната работа и трудот вложен од страна на сите екипи во овој период на големи предизвици. Состојбите во фудбалот, како и во сите други сфери во општеството, во изминатите 12 месеци беа диктирани од вирусот. Меѓутоа, строгите протоколи, што се општо применети, ни овозможија сега нашето внимание да го насочиме кон постепено враќање на работите во нормала, изјави извршниот директор на EFL Тревот Брич во изјава за телевизијата „Скај“.

Тој додаде дека одржување на ваквата епидемиолошка состојба би можело да придонесе за брзо и безбедно враќање на навивачите на стадионите

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk