logo
logo
logo

Нема изговори: Време е одбраната на Вардар да се разбуди!

Vecer | 19.03.2021

Нема изговори: Време е одбраната на Вардар да се разбуди!

Вардар 1961 е далеку од нивото на кое бевме навикнати во деновите кога врвот на Европа изгледаше достижен, а во СЕХА-лигата беше доминантен. Најсилното оружје на „црвено-црните“ – одбраната, станува непрепознатливо, на секој меч во мрежата паѓаат најмалку 30 гола, без разлика дали е домашен меч, регионален или ервопски.

Последната 30-ка, избранците на Стевче Алушовски ја примија против Нексе на гости во СЕХА-лигата, и ја продолжија серијата од седум меча со над 30 примени голови.

И додека се обидуваат да се вратат на победите, но и на старото препознатливо издание, веќе ги чека нов дуел, и тоа против Мотор. Украинскиот тим вечерва (20:15 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ доаѓа без пораз во регионалното натпреварување и со триумф на првата пресметка сезонава.

На овој важен натпревар за Вардар 1961 кој има два порази и две победи, и се наоѓа на третото место на табелата во групата Б, тренерот Стевче Алушовски се наоѓа во проблеми. Во составот дефинитивно ќе го нема Ловро Јотиќ, а под знак прашалник се Иван Чупиќ, Борко Ристовски, кој само што се врати на голот, Димитар Димитиоски и Патрик Валчак.

Но, Вардар 1961 не смее да бара изговори, одбраната мора да профункционира, клупата не е кратка, не смее да си дозволи нов срамен пораз како на првата средба од изразена од седум гола (30-23).

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk