logo
logo
logo

Нема дуел Трајковски – Роналдо во финалето на Купот на С.Арабија

Vecer | 26.01.2023

Нема дуел Трајковски – Роналдо во финалето на Купот на С.Арабија

Александар Трајковски со Ал Фeјха се пласираа во финалето на Купот на Саудиска Арабија и таму ќе игра со Ал Итихад од Џeда кој вечерва го елиминира Ал Наср на Кристијано Роналдо.

Роналдо беше во првиот тим на Ал Наср кој не успеа да победи на ова гостување и да се најде во финалето на Купот. Домашниот тим победи со 3:1 со головите на Ромалињо и Хамдалах во првото полувреме.

Голот за Ал Наср го постигна Талиска, а Роналдо го одигра целиот меч.

Инаку Ал Фeјха се бранители на трофејот во Купот (единствен во нивната историја) додека Ал Итихад е деветкратен освојувач, последниот пат во 2018 година.

FOTO>Twitter/AlNassrFC

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk