Шпанскиот „Ел Чирингито“ објавува дека Реал Мадрид и Серхио Рамос не нашле заеднички јазик за продолжување на договорот, и затоа стоперот заминува, и тоа најверојатно се сели во Англија.

Рамос 16 години е дел од „кралевите“, стана и капитен, икона на клубот, но не го прифаќа новиот договор кој е со 10% помали примања од сегашниот, и изнесува 10,8 милиони евра за една сезона. Рамос бара повеќе пари, и подолго траење на договорот.

Рамос со тоа и официјално може да почне преговори со друг тим, и како слободен играч да замине на лето. Веројатно до неговите услуги ќе дојде Манчестер Јунајтед кој е подготвен да му ги исполни барањата на стоперот.

sportmedia.mk