logo
logo
logo

СЕ ОГЛАСИ АМБАСАДАТА

НЕМА да се навива во Амстердам! Македонците имаат забрана за патување

Vecer | 10.06.2021

НЕМА да се навива во Амстердам! Македонците имаат забрана за патување

Македонските навивачи НЕМА да можат да патуваат во Амстердам за да ја бодрат нашата репрезентација, а ова го потврди и амбасадата на Холандија во Македонија. Оние кои добија карти за дуелот меѓу Холандија и Македонија нема да можат да ги искористат, нема да можат да патуваат во Амстердам затоа што нашата земја се уште е на листата на држави за кои е забранет влез поради ковид-19.

- Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Македонија) е сѐ уште во сила. Може да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната за патување“, стои во соопштението на холандската амбасада во Македонија.

И покрај ова се очекува Македонија да има навивиачи кои ќе ја бодрат во Амстердам, таму ќе можат да одат Македонци кои живеат и работат во ЕУ. Натпреварот меѓу Холандија и Македонија се игра на 21. јуни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk