„Нема да ме пуштиш да играм, нели?“: Јокиќ побара да не игра на Ол Стар, ова беше одговорот на тренерот

Собрани се екипите за Ол-стар средбата во НБА лигата и Никола Јокиќ ќе биде во тимот предводен од неговиот тренер во Денвер, Мајк Мелоун. Тка настанува и нова шега.
Мелоун откри анегдота во која вели дека се надева дека Леброн Џејмс ќе го избере Никола и Србинот повторно ќе биде под негова контрола.
– Се надевам дека Леброн ќе го избере, за да можам да го однесам на Ол Стар. Тој помисли и ми рече: „Тренеру, нема да ме оставиш да играм, нели?“, а јас му реков: „Не, ќе играш, 40 минути“ – рече Мелоун и ги натера новинарите во салата се смеат.
Hey @KingJames, you know the move 👀 pic.twitter.com/Xc0SQsWyuW
— Denver Nuggets (@nuggets) February 5, 2023