logo
logo
logo

Некогашниот германски репрезентативец осуден на 10 месеци поради детска порнографија

Vecer | 06.05.2021

Некогашниот германски репрезентативец осуден на 10 месеци поради детска порнографија

Некогашниот германски фудбалски репрезентативец Криштоф Мецелдер е осуден на 10 месеци затворска казна поради детска порнографија. Судот во Дизелдорф го осуди на десет месеци, но само како условна казна која ќе се активира при следен прекршок и ќе трае 2 години ефективна затворска казна.

27 фотографии и две видеа, кои се пронајдени во „колекцијата“ на порнографски материјали кај Мецелдер е проценета како ограничена, па затоа и казната не е драконска.

Мецелдер кој ја заврши својата професионална кариера во мај 2013 година имаше 47 настапи за „панцирите“. Случајот со детска порнографија против него беше отворен откако една од три жени со кои разменувал „екстремни фантазии“ го пријавила во полиција.

На 3 и 4 септември 2019 година по претресот во неговиот дом и на работното место полицијата го заплени неговиот мобилен телефон кој содржел 297 досиеја за детска порнографија и екстремни разговори со три жени. Во судницата Кристоф Мецелдер им се извини на сите жртви на сексуално насилство, по што ја загуби работата во маркетинг агенција, а мораше да се откаже и од својата посветеност на сиромашните деца.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk