logo
logo
logo

НЕЈМАР ПОВРЕДЕН - Нема да игра пред нокаут фазата!

Vecer | 25.11.2022

НЕЈМАР ПОВРЕДЕН - Нема да игра пред нокаут фазата!

Бразилските фудбалери Нејмар и Данило нема да играат до крајот на групната фаза на Мундијалот.

Така барем пренесува локалниот „Глобо“, по средбата меѓу „Селесао“ и Србија на отворањето на Мундијалот.

Нејмар го повреди десниот зглоб по стартот на Никола Миленковиќ. Тој одигра уште десет минути, по што беше заменет во победата на Бразил над Србија од 2:0.

По мечот, тимскиот лекар Родриго Ласмар истакна дека не може со сигурност да знае колкава е повредата, додека тренерот Тите истакна дека сигурно повторно ќе игра на турнирот, без да прецизира кога ќе биде.

Да потсетиме, Бразил следниот натпревар го игра против Швајцарија за три дена, а оваа селекција е главен ривал на „орлите“ за премин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk